Израел нареди евакуација во Газа; Официјален претставник на ОН: Не можеме да испорачаме помош

gaza-begalci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Операциите за хуманитарна помош на Обединетите нации во Газа денеска беа прекинати откако Израел доцна вчера издаде нова наредба за евакуација на градот Деир Ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, изјави висок претставник на ОН.


„Не можеме да испорачаме помош денеска, со оглед на условите во кои се наоѓаме“, рече службеникот кој сакаше да остане анонимен.

„Не ја напуштаме (Газа) затоа што им требаме на луѓето таму. Се обидуваме да ги задоволиме потребите на населението, но и потребата за безбедност на персоналот на ОН“, рече тој.

Истиот извор вели дека на персоналот на ОН на терен им е наредено да се обиде да најде начин да продолжи со работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK