Израел ќе и’ продаде противракетен систем на Финска

Израел-ќе-и-продаде-противракетен-систем-на-Финска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за одбрана на Израел соопшти дека е потпишан договор со Финска, новата членка на НАТО, за продажба на противвоздушниот одбранбен систем, „Давидова прачка“.


Во соопштението на Министерството се вели дека потпишан е договор за продажба на системот на Финска, нарекувајќи го „историски“.

Вредноста на договорот е 317 милиони евра.

Се работи за систем за противвоздушна одбрана заеднички развиен од Израел и САД. Може да пресретне балистички ракети, крстосувачки ракети, авиони и беспилотни летала.

Финска го зголеми буџетот за одбрана откако на 4 април оваа година беше примена во НАТО како 31-ва членка на алијансата.

Земјата се откажа од воената неутралност и побара да биде дел од Алијансата како одговор на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK