Израел: Го прекинуваме контактот со Каја Калас


depositphotos_666783302_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел најави прекин на контактите со шефицата на европската дипломатија Каја Калас поради наводи дека таа го споредила односот на Израел кон Палестинците со апартхејдот во Јужна Африка.


Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека ќе ги прекине сите контакти со Калас додека таа не ги повлече или разјасни спорните изјави.

Калас одговори дека Европската Унија останува посветена на конструктивни односи со Израел и повтори дека решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток. Таа истакна и дека ЕУ ги осудува израелските населби на Западниот Брег.

Саар возврати дека неговата одлука останува во сила сè додека не биде разјаснето дали Калас навистина го употребила терминот „апартхејд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK