Израелската војска им порача на Палестинците во Појасот Газа да побегнат во Египет за да избегнат понатамошен ризик од воздушни напади. Израелското воздухопловство погоди околу 200 стотини цели во текот на ноќта и утринава, а од саботата беше потврдена смртта на речиси 700 Палестинци како резултат на одмазднички напади.
„Свесен сум дека преминот Рафа сè уште е отворен“, рече потполковник Ричард Хехт, меѓународен воен портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ). Преминот се наоѓа на границата на Газа и Египет. „Ги советувам сите што можат да излезат“, рече тој.