Израел до цивилите во Газа: Ги прекинавме воените активности четири часа, движете се кон југ

Израел-до-цивилите-во-Газа-Ги-прекинавме-воените-активности-четири.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските одбранбени сили (ИДФ) порачаа до жителите на северниот дел на Појасот Газа дека денеска ќе обезбедат два коридори за бегство што водат кон југ на неколку часа.



„Воените активности ќе бидат стопирани четири часа за хуманитарни цели“, објави армијата на платформата на социјалните мрежи X. Армијата додаде дека ќе направи „тактичка“ суспензија на воените активности на неколку часа во бегалскиот камп Џабалија за да им се дозволи на цивилите да избегаат и од таму.

„За ваша безбедност, придружете им се на стотиците илјади жители кои се преселија на југ во последните денови“, напиша портпаролот на армијата на арапски на X.

На жителите им е дозволено да го користат крајбрежниот пат на Средоземното Море и оној што минува низ центарот на територијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK