Издадена потерница за членка на руската панк група „Пуси Рајот“

Издадена-потерница-за-членка-на-руската-панк-група-„Пуси-Рајот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Људмила „Луси“ Штејн, членка на руската панк група „Пуси Рајот“, која побегна во странство, денеска беше барана поради ширење „намерно лажни информации“ за руските вооружени сили.


Агенцијата ТАСС објави дека Штејнова ќе биде уапсена веднаш штом ќе влезе во Русија, но нема информации за кои конкретни наводно лажни вести е обвинета.

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди влез на војници во Украина во февруари 2022 година, Русија донесе низа закони со кои се наметнуваат строги казни за оние за кои се смета дека ги дискредитирале вооружените сили или ширеле лажни вести за нив, пренесува Танјуг.

„Пуси Рајот“, феминистичка и уметничка трупа, која брои десет члена, се истакна во 2012 година кога некои од нејзините членови, облечени во качулки, упаднаа во московската катедрала и извикуваа слогани против Путин.

Штејнова, која претходно била вработена во општината на московскиот округ, побегнала од Русија откако била во домашен притвор.

Таа тврди дека побегнала маскирајќи се во доставувач на храна, а на својот Инстаграм профил објавила фотографија од пресечената нога.

Додека била во Русија, неколку пати била апсена поради учество на протестни собири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK