Избрана новата Влада на Романија

Романија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со 290 гласови „за“, 95 „против“ и ниту еден воздржан избрана е новата Влада на Романија.

Прво гласаа пратениците, а потоа сенаторите. Гласањето беше тајно.


„Во следниот период ќе има големи напади против нас. Ќе бидеме обвинети. Ќе има обиди сојузот да ни биде уништен. Но, како што се случувало и друг пат во историјата, се надевам дека ќе најдеме баланс“, изјави од собраниската говорница непосредно пред гласањето, новиот романски премиер Марчел Чолаку.

Тој изрази надеж дека иако Демократскиот сојуз на Унгарците ја напуштил коалицијата, „тие ќе останат тим во Парламентот за важните закони“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK