Претседателот на Националната изборна комисија на Венецуела, Елвис Аморос денеска изјави дека врз основа на речиси 97 отсто од пребројаните гласови, актуелниот претседател Николас Мадуро победил на претседателските избори.
Според податоците на изборната комисија, Мадуро освоил 51,95 отсто од гласовите, а неговиот ривал Едмундо Гонзалес 43,18 отсто.
Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а изборната комисија го прогласи Мадуро за победник, додека опозицијата тврди дека врз основа на 90 отсто преброени гласови нејзиниот кандидат освоил двојно повеќе.
Спорните изборни резултати предизвикаа бран протести низ целата земја.
Владата на Венецуела денеска ги обвини Соединетите држави дека стојат зад обидот за пуч, бидејќи некои земји во регионот, вклучително и САД, го признаа Гонзалес за победник на изборите.