Изборна комисија на САД: Маск издвои 245 милиони евра за помош на кампањата на Трамп

tramp3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот милијардер Илон Маск одвоил 259 милиони долари за помош на изборната кампања на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти Изборната комисија на САД.


Во соопштението се наведува дека Маск доделил 239 милиони долари за да ги охрабри приврзаниците на Трамп да излезат на претседателските избори на 5 ноември и дека кон крајот на октомври дал 20 милиони долари на група која се обидувала да ги убеди гласачите дека Трамп нема да ја потпише забраната за абортуси на ниво на САД, објави Ројтерс.

По овие донации, Маск стана еден од најголемите донатори во претседателската кампања во историјата на САД, наведува британската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK