Италијанскиот остров ја укина забраната за туристи што ја донесе поради недостигот на вода

kapri-italija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот остров Капри ја укина забраната за туристи откако беа решени проблемите со водоснабдувањето на популарната туристичка дестинација.



Забраната беше објавена рано вчера, поради што неколку утрински фериботи од Неапол и Соренто беа принудени да се вратат во пристаништето.

Сепак, вчера вечерта градоначалникот на островот Паоло Фалко изјави дека забраната е укината откако е решен техничкиот проблем што го спречува доаѓањето на водата од копното.

Фалко претходно ја нарече забраната за туристи „одговор на итен случај“, велејќи дека локалните резервоари снемале вода.

„Вонредната ситуација ќе биде отежната со пристигнувањето на илјадници туристи кои доаѓаат во Капри секој ден“, рече тој.

Забраната не беше насочена кон локалните жители, на кои им беше дозволено да соберат до 25 литри вода за пиење по домаќинство од цистерни за вода.

Капри, во заливот на Неапол, е познат по своите бели вили и луксузните хотели. Има околу 13.000 постојани жители, но привлекува голем број еднодневни посетители во текот на летото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK