Италијанскиот остров го забрани доаѓањето на туристи поради недостиг на вода

kapri-italija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот остров Капри денеска го забрани пристигнувањето на туристи поради недостиг на вода предизвикан од проблеми со снабдувањето од копното.



Градоначалникот на Капри, Паоло Фолко, ја прогласи забраната во седум часот наутро, поради што неколку фериботи веќе на пат кон островот мораа да се вратат назад.

Компанијата задолжена за снабдување на островот со вода објави дека има технички потешкотии во четвртокот, а иако подоцна објави дека ги решила, на Капри се уште му недостасува вода.

„Ситуацијата се влошува“

За време на објавувањето на забраната, Фалко предупреди на вонредна ситуација, велејќи дека иако во петокот имало малку вода на островот, акумулациите се празни.

„Ситуацијата се влошува со пристигнувањето на илјадници туристи секој ден во Капри“, рече тој.

„Забраната останува до понатамошно известување“

Жителите на тој остров во близина на Неапол имаат право на 25 литри вода за пиење по домаќинство, најави градоначалникот.

Забраната за пристигнување на туристи ќе остане на сила до понатамошно известување, додаде тој.

Капри, островот познат по своите бели вили, заливи и врвни хотели, има околу 13 илјади жители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK