Италија ќе го укине воздушното ембарго за либиските авиони

avion
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воздушните врски меѓу Либија и Италија ќе бидат обновени наесен по пауза од речиси десет години, соопшти денеска либиската Влада.

– Италијанската Влада не информираше за својата одлука да го укине воздушното ембарго наметнато на либиската цивилна авијација веќе десет години, објави либискиот премиер Абделхамид Деибах на Твитер.


Сè уште нема официјална потврда од италијанската но Италијанската амбасада во Триполи соопшти дека нејзините власти разговарале за „обновување на директните летови“ меѓу двете земји.

Од 2014 година, либиските авиокомпании се на црната листа на компании на кои им е забрането да летаат над воздушниот простор на Европската Унија.

Со обновувањето на летовите во септември, Италија ќе биде втората европска земја по Малта која ќе има директна воздушна врска со Либија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK