Исповед на преживеани во нападот на музичкиот фестивал во Израел: „Видов луѓе како умираат насекаде околу мене“

Исповед-на-преживеани-во-нападот-на-музичкиот-фестивал-во-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вооружени напаѓачи отворија оган во саботата на музички фестивал во јужен Израел, во близина на Појасот Газа, и земаа заложници.


Гили Јоскович и Тал Гибли беа меѓу стотиците млади луѓе кои присуствуваа на фестивалот.

Јошкович за Би-Би-Си опиша како се криела под дрво додека напаѓачите се шетале наоколу, пукајќи во сите на кои ќе наишле.

„Тие беа насекаде, со автоматско оружје во рацете. Видов луѓе како умираат насекаде околу мене. Бев многу тивка, не плачев, не правев ништо. Дишев и си велев ‘во ред, ќе умреш, само диши и затвори ги очите“, раскажа таа.

Јоскович рече дека се криела три часа пред да пристигнат израелските војници и да ја спасат. Според неа, таа била прва што била спасена, додека на другите им биле потребни неколку часа за да избегаат.

„Насекаде по патот лежеа безживотни тела – сите млади, тоа беше фестивал на младите“, рече Јосковиќ.

Таа додаде дека многу луѓе загинале по патот.

Тал Гибли ја раскажа својата приказна за Си-Ен-Ен. Таа рече дека во раните утрински часови слушнале сирени и ракети, по што сите во паника почнале да ги земаат работите и да бегаат со автомобили. Откако патиштата биле блокирани, таа и нејзините пријатели го оставиле автомобилот и почнале да бегаат.

Гибли за Си-Ен-Ен изјави дека истрчала во шумата и на крајот влегла во друг автомобил што минувал, гледајќи низа мртви и повредени луѓе на страната на патот.

„Беше толку страшно и не знаевме каде да возиме за да избегаме. Имам многу пријатели кои се изгубија во шумата“, рече таа, додавајќи дека сè уште се обидува да стапи во контакт со нејзините пријатели кои исто така биле на концертот, а не знае дали преживеале.

Фудбалскиот тим Хапоел од Тел Авив денеска соопшти дека меѓу загинатите во нападот што го извршија членови на Хамас врз собраните на забава во природа во близина на границата е и поранешниот напаѓач на овој клуб, Лиор Асулин, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Со голема тага, по многу часови откако беше прогласен за исчезнат, известивме дека нашиот поранешен играч Лиор Асулин бил убиен од терористи на забава“, соопшти фудбалскиот клуб Хапоел.

Се’ уште не е познат точниот број на жртви, а исто така не се знае точно колку заложници биле земени од вооружените напаѓачи.

На едно од видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат Израелката Ноа Аргамани и нејзиното момче Авинтан Ор кои киднаперите ги зедоа како заложници. Додека моли за помош, со мотор ја однесе еден од киднаперите, по што Ноа повеќе не се гледа на видеото. Во позадина е нејзиното момче како го држат неколку напаѓачи со рацете на грбот, пишува „Си-ен-ен“. Видеата ги препознале членовите на нивните семејства.

На друго видео потврдено од Си-Ен-Ен, онесвестена жена која била на фестивалот може да се види како е застрелана од вооружени милитанти во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK