Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повтори дека неговата земја ќе одговори на убиството на политичкиот водач на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран минатиот месец.
„Реакцијата на Иран на израелскиот терористички напад во Техеран е конечна и ќе биде одмерена и добро пресметана. Не се плашиме од ескалација, но не ја бараме – за разлика од Израел“, напиша Арагчи на мрежата Х, а пренесе Ал Џезира.
Арагчи изјави дека тоа го кажал во телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.