Ирански пејач осуден на 74 удари со камшик: „Тоа е одмазда за неговата поддршка за жените“


5c3b8a25-e88a-4d27-a3a1-7ee2506f09a3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот ирански пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден на 74 удари со камшик како дел од договорот за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година за незаконско објавување на протестна песна наречена „Твојата шамија“ на првата годишнина од протестите „Жени, живот, слобода“.


Британски Гардијан пишува дека неговата едногодишна затворска казна подоцна била заменета со електронско следење, кое завршило во декември, по што бил ослободен. Сепак, враќањето на неговата кауција од 15 милијарди долари, платена од трето лице, зависеше од неговото камшикување, кое беше извршено оваа недела.

View this post on Instagram

A post shared by Mehdi Yarrahi | مهدی یراحی (@mehdiyarrahi)

„Подготвен сум да ја прифатам казната од 74 удари со камшик и иако ја осудувам оваа нечовечка тортура, не барам да биде поништена“, напиша тој на Икс.

Веста за камшикувањето предизвика бес на иранските социјални мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK