Иранската армија соопшти дека двајца нејзини војници биле убиени во израелски воздушни напади во текот на ноќта, јавуваат иранските државни медиуми.
Иранската државна медиумска агенција ИРНА цитираше воено соопштение во кое се вели: „Војската на Исламската Република Иран, во одбрана на безбедноста на Иран и заштитата на народот и интересите на Иран, жртвуваше двајца свои борци додека се спротивставуваше на проектилите на криминалниот ционистички режим“.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Иран платил за недамнешните напади врз Израел.