Иранците со фотографија се потсмеваат на изјавата на Трамп


screenshot-2026-03-24-102414.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранските дипломати се потсмеваа на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека САД и Иран би можеле заеднички да го контролираат Ормускиот теснец.


Иранската амбасада во Саудиска Арабија одговори со илустрација на детски волан-играчка прикачен на совозачкото седиште на автомобил, алудирајќи на очигледната илузија на Трамп за контрола врз овој стратешки важен воден пат.

Ормускиот теснец е едно од клучните тесни грла за превоз на нафта во светот, а прашањето за контролата врз него е извор на тензии меѓу САД и Иран со години. Изјавите на Трамп укажуваат на можен пресврт во досегашниот строг пристап на неговата администрација кон Иран и покренуваат прашања за иднината на односите меѓу Вашингтон и Техеран, како и за можноста за смирување на тензиите во регионот.

Речиси 20 проценти од светската нафта поминува низ Ормускиот теснец, поради што секоја закана за пловидбата низ овој премин веднаш влијае на глобалните пазари.

Трамп вчера во Флорида нагласи дека „договорот со Иран се приближува“ и дека преминот низ Ормускиот теснец би можел заеднички да го контролираат САД и Иран. „Јас и ајатолахот, кој и да е нивниот нов ајатолах“, додаде тој.

Изјавите на Трамп дојдоа во услови на нов бран тензии на Блискиот Исток. „Ројтерс“ и „Асошиејтед прес“ објавуваат дека разговорите меѓу САД и Иран остануваат нејасни и дека Техеран официјално не ги потврдил, додека војната и заканите околу Ормускиот теснец продолжуваат да ги потресуваат пазарите и регионалната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK