Можно е долго чекање за иранска одмазда против Израел, изјави портпаролот на Иранската револуционерна гарда Алимохамад Наини, пренесоа државните медиуми.
Блискиот исток се подготвува за најавената одмазда на Иран за атентатот на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран на 31 јули. Израел ниту ја призна ниту негираше одговорноста за убиството.
„Времето е на наша страна, а периодот на чекање за овој одговор може да потрае долго“, рече Наини, мислејќи на одмаздата против Израел и повтори дека „непријателот“ може да очекува одмерен и прецизен одговор.
Иранските лидери ги земаат предвид сите околности и одговорот на Исламската Република можеби нема да биде повторување на претходните дејствија, додаде тој, според иранските државни медиуми. Иран и Хамас го обвинија Израел за нападот во кој загина Ханије неколку часа откога присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.