Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галбаф, изјави дека во преговорите со САД, кои се водат преку посредници, е постигнат одреден напредок, но дека меѓу двете страни сè уште постојат големи разлики.
„Во некои прашања во преговорите се постигнати заклучоци, а во други не. Сè уште сме далеку од конечен договор“, рече Галбаф.
Говорејќи синоќа на иранската државна телевизија, тој тврдеше и дека Иран бил успешен на бојното поле и дека САД не оствариле ниту една од своите девет воени цели.
Тој ги повтори и претходните тврдења дека Иран го контролира Ормускиот теснец.