Иран: Не сме вклучени во нападот на Хамас

Иран-Не-сме-вклучени-во-нападот-на-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран „не е вклучен“ во нападот извршен од милитантите на Хамас во јужен Израел, соопшти неговата мисија во Обединетите нации.



„Ние цврсто и непоколебливо ја поддржуваме Палестина, но не сме вклучени во палестинскиот одговор, бидејќи тоа го презема исклучиво самата Палестина“, се вели во соопштението објавено вчера, според Ројтерс.

Хамас претходно соопшти дека помошта од Иран му помогнала да го изврши нападот во зори во текот на викендот. Иран со години го поддржува Хамас и им обезбедува на своите борци оружје и обука – а милитантната група рече дека помошта му помогнала да го изврши координираниот напад.

Но, американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера изјави за Си-eн-eн дека американската влада „допрва треба да види докази дека Иран го режираше или стои зад овој конкретен напад“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK