Иран му се заканува на Трамп: Сети се што се случи во Виетнам


tramp-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран испрати остра порака до Доналд Трамп, предупредувајќи го за последиците од испраќањето американски копнени сили во Иран, споредувајќи ги со Виетнамската војна.


Во разговор за Скај њуз во Техеран, Саид Хатибзаде одговори на прашањето за можноста за копнена интервенција на САД со историска паралела, објави Скај њуз.

На прашањето на новинарите за можноста САД да испратат трупи на иранска територија, Хатибзаде беше јасен: „Нека прочитаат што се случи во Виетнам“.

Тој додаде дека таков потег би бил „дрзок, неодговорен, нелегален и против сите меѓународни закони“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK