Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.