Иран: Или воздушниот сообраќај ќе биде достапен за сите или за никого


depositphotos_379945782_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советникот на иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи, Мохамад Мохбер, изјави дека доколку на Иран му биде оневозможено да одржува авионски сообраќај и да користи аеродромски услуги во регионот, тоа нема да биде можно ниту за другите земји.


„Нашата стратегија е јасна: или воздушниот сообраќај во регионот ќе биде достапен за сите или нема да биде достапен за никого“, напиша Мохбер на платформата X. Неговата изјава следува во време кога повеќе аеродроми ги прекинуваат летовите од и кон Иран поради американски санкции и закани со секундарни санкции за компаниите што им обезбедуваат услуги на иранските авиопревозници.

Меѓународниот аеродром во Наџаф од денеска ги суспендира сите летови од и кон Иран до дополнително известување.

Според извори на Ројтерс, летовите од и кон Иран ги суспендирале и аеродромите во Ербил и Сулејманија, во Ирачки Курдистан. Претходно беа прекинати и иранските летови кон Багдад, а ограничувања за иранските авиокомпании воведоа и други земји во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK