Иран го потврди минатогодишното апсење на шведски државјанин кој работел за мисијата на ЕУ

iran_zname_2342534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран го потврди минатогодишното апсење на шведски државјанин кој работел за мисијата на Европската унија, тврдејќи дека „извршил злосторства“ за време на неговиот престој во земјата.

Јохан Флодерус, 33-годишен Швеѓанец, беше уапсен од иранските власти на 17 април 2022 година на аеродромот во Техеран.


„Овој шведски државјанин извршил злосторства на територијата на Иран“, изјави портпаролот на правосудните органи, без да прецизира за што точно е обвинет.

Резултатите од истрагата се испратени до надлежните органи и обвинителството треба да донесе одлука, рече портпаролот на новинарско прашање.

Шведска претходно го повика Иран да ослободи еден од своите граѓани од затвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK