Иранското Министерство за надворешни работи го предупреди генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш дека официјален Техеран е подготвен одлучно да возврати доколку дојде до израелски напад врз таа земја.
„Иако Иран прави сеопфатни напори за заштита на мирот и безбедноста во регионот, тој е целосно подготвен за решителен и болен одговор на какви било израелски авантури“, соопшти денеска кабинетот на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесува Ројтерс.
Шефот на иранската дипломатија е во посета на Јордан, Египет и Турција како дел од иранската дипломатска иницијатива насочена кон земјите од регионот со цел да се стави крај на геноцидот, ужасот и агресијата, пренесува Танјуг.