Советникот на премиерот на Ирак, Фади ал Шамари денеска оцени дека Западот го шири конфликтот меѓу Израел и Хамас и ги зголемува тензиите во регионот, јави ирачката државна новинска агенција „ИНА“.
Коментарите на Ал Шамари дојдоа откако САД и Велика Британија и сојузниците започнаа напади од воздух и од море врз воените цели на јеменските бунтовници Хути, како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море извршени како знак на протест против израелската воена операција во Појасот Газа, пренесува Танјуг.