Ирак ја суспендираше лиценцата на шведскиот телекомуникациски гигант Ериксон

erikson_234423242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Ирачките власти соопштија дека ја суспендирале лиценцата на шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон, откако Стокхолм дозволил да се одржи протест на кој требаше да се запали Куранот.

Претседателот на Управата за медиуми и телекомуникации Али Ал-Муајад „ја суспендираше лиценцата за работа на шведската компанија Ериксон на територијата на Ирак“, се вели во соопштението пренесено од државната новинска агенција ИНА. Според властите тоа е одговор на „овластувањето дадено од шведската држава да се запалат Куранот и ирачкото знаме“.


Демонстрантот на крајот ја сквернавеше исламската света книга газејќи ја, но не ја запали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK