Индискиот премиер Моди почесен гостин на Макрон за Денот на Бастиља

modi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот премиер Нарендра Моди во петок ќе биде почесен гостин на францускиот претседател Емануел Макрон за националниот празник Денот на Бастиља.

„Едвај чекам да го видам мојот пријател, претседателот Макрон“, напиша Моди на Твитер.


Елисејската палата смета дека Индија е столб на француската индо-пацифичка стратегија, која се заснова на истата амбиција за слободен, отворен простор, каде што целосно се почитува меѓународното право.

Индиските власти ја гледаат Франција како важен двигател на индо-пацифичката стратегија на Европската унија, велат дипломатски извори.

Моди ќе пристигне во Франција во четврток. Макрон ќе му приреди вечера во музејот Лувр.

Индискиот премиер ќе биде почесен гостин на воената парада во Париз, на која ќе учествува и индискиот воен контингент.

Индија и Франција се две нуклеарни сили, поврзани со 25-годишно стратешко партнерство изградено специјално околу одбранбената соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK