Индискиот премиер бара полноправно членство на Африканската унија во Г20

modi indija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот премиер Нарендра Моди испрати писмо до лидерите на Г20 во кое предлага Африканската унија да добие полноправно и постојано членство на претстојниот самит во Индија.

Предлогот на Моди за доделување полноправно членство на Африканската унија во Г20 ја покажува посветеноста на Индија да го зајакне своето присуство и партнерство со Африка во обликувањето на глобалната политика, рекол извор запознаен со прашањето.


Г20 е меѓувладин форум на најголемите развиени и економии во развој во светот. Членките претставуваат околу 85 отсто од светскиот БДП и повеќе од 75 отсто од светската трговија, како и околу две третини од светското население. Групата ја сочинуваат 19 земји и Европската Унија. Оваа година, Г20 покани и девет земји „гости“ кои не се членки на групата, вклучувајќи ги Бангладеш, Сингапур, Шпанија и Нигерија, како и меѓународни организации како што се Обединетите нации, Светската здравствена организација, Светската банка и ММФ.

– Тоа ќе биде правилен чекор кон праведна, правична и поинклузивна и репрезентативна глобална архитектура и управување, рекол изворот за предлогот за членство во Африканската унија.

Африканската унија се состои од 55 земји-членки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK