Индија во дипломатска војна со Канада, Моди бара повлекување на 40 дипломати

Индија-во-дипломатска-војна-со-Канада-Моди-бара-повлекување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индија побара од Канада до 10 октомври да повлече 41 дипломат и да ги врати во земјата, објавија светските медиуми.



Фајненшл тајмс пишува дека односите меѓу Индија и Канада станале сериозно затегнати поради сомневањата на канадските власти дека агенти на индиските разузнавачки служби имале улога во убиството на канадскиот сепаратистички лидер на Сиките во Канада, канадскиот државјанин Хардип Синг Нијар, кој бил убиен во јуни и кого Индија го означи како „терорист“, пренесува Ројтерс.

Индија ги отфрли обвинувањата како апсурдни.

Канада има 62 дипломати во Индија, а индиските власти соопштија дека вкупниот број на канадски дипломати треба да се намали за 41, пишува Фајненшл тајмс.

Министерствата за надворешни работи на Индија и Канада не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK