Индија тестира вештачка интелигенција за попрецизна временска прогноза

Индија-тестира-вештачка-интелигенција-за-попрецизна-временска-прогноза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индија ја тестира вештачката интелигенција (АИ) за да изгради климатски модели за да ја подобри временската прогноза бидејќи поројните дождови, поплавите и сушите ја зафаќаат огромната земја, изјави висок метеоролошки претставник.


Глобалното затоплување поттикна поекстремни временски услови во Индија во последниве години, за што независниот Центар за наука и животна средина проценува дека оваа година загинаа речиси 3.000 луѓе.

Дали вештачката интелигенција може да направи револуција во временската прогноза?

Метеоролошките агенции ширум светот се фокусираат на вештачката интелигенција, која може да ги намали трошоците и да ја подобри брзината, а за која Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство вели дека може да ја „револуционизира“ временската прогноза, додека неодамнешниот модел финансиран од „Гугл“ се покажа дека ги надминува конвенционалните методи.

Точната временска прогноза е особено важна во Индија, земја со 1,4 милијарди жители, многу од нив сиромашни и втор најголем производител на ориз, пченица и шеќер во светот.

Вештачката интелигенција би можела да помогне да се генерираат поквалитетни податоци за прогнозирање по пониска цена

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД) обезбедува прогнози врз основа на математички модели кои користат суперкомпјутери. Користењето на вештачка интелигенција со проширена мрежа за набљудување може да помогне да се генерираат поквалитетни податоци за прогнозирање по пониска цена.

Одделот очекува климатските модели и совети кои се развиваат врз основа на вештачка интелигенција да помогнат во подобрувањето на прогнозите, рече Хосаликар, раководител за истражување и услуги за климата во ИМД.

Метеоролошката канцеларија користела вештачка интелигенција за да генерира јавни предупредувања за топлотни бранови и болести како маларија, рече Хосаликар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK