Индија го ограничи увозот на лаптопи, таблети и компјутери

indija lap topi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот директорат за надворешна трговија на Индија (ДГФТ) денеска соопшти дека земјата го ограничила увозот на лаптопи, таблети и персонални компјутери, што во иднина ќе биде возможно само со посебна лиценца. Мерката што треба да ги поттикне домашните производители, стапува во сила веднаш.

Индиската Влада не ја наведе причината за овој потег, но таа е пошироко позната по промовирањето на локалните претприемачи како дел од планот „Произведено во Индија“ на премиерот Нарендра Моди.


Компаниите како „Епл“, „Самсунг“ или „Дел“ нема да бидат задоволни од одлуката на индиската Влада, бидејќи поради новите правила ќе треба да чекаат подолго пред да го „пуштат“ својот производ на индискиот пазар. Наведените компании сè уште не ја коментирале одлуката на индиската Влада.

Агенцијата за истражување на пазарот „Коунтерпоинт“ (Counterpoint) проценува дека индискиот пазар на лаптопи и компјутери вреди околу осум милијарди долари годишно, а две третини од овој вид стоки се увезуваат.

Неименуван извор од индиската Влада наведе дека ограничувањето на увозот е исто така мотивирано од безбедносни ризици, бидејќи Њу Делхи сака да го намали увозот на компјутери од Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK