ИДФ повторно отвори коридор и ги повика цивилите да се евакуираат од северот на Газа

ИДФ-повторно-отвори-коридор-и-ги-повика-цивилите-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската армија денеска повторно упати апел до цивилите да го напуштат Појасот Газа и да се упатат кон југ.


Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе дозволат сообраќај на патот кон јужниот дел на Појасот Газа во периодот од девет до 13 часот по средноевропско време, напиша портпаролот на израелската војска на платформата X, порано Твитер.

– Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ, напиша портпаролот на израелската армија на Икс.

Армијата објави и мапа на која е прикажан коридорот за евакуација.

ИДФ неколкупати упати повик до цивилите да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа. Според процените на израелската армија досега енклавата ја напуштиле 700.000 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK