Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека одбранбените сили се во многу висока готовност долж израелската граница со Либан. На северната граница на Израел со Либан, во последните недели се разменува оган меѓу исламистичката група Хезболах и израелската армија.
„Ќе продолжиме да одговараме на секој напад врз израелски цивили. Во состојба на висока готовност сме на северната граница, во многу висока готовност за да одговориме на секој напад, без разлика дали ќе се случи денес или во наредните денови“, рече Хагари.