Четиригодишно момче тешко ја повредило својата сестра Нонг (10) по расправија во семејната куќа во Тајланд.
Таа не сакала да си игра со него, па тој зел ножици и и ги забил во главата, пренесува Метро.
Во куќата бил и нивниот дедо Јарун Р.(50), кој слушнал врисоци и плач.
„Трчав во собата и видов дека ножиците и штрчат од главата. Се обидов да ги извадам, но беа заглавени“, ги пренесуваат локалните медиуми зборовите на дедото.
Девојчето е пренесено во болница, а лекарите успеале да и ги извадат ножиците од главата.
Boy stabbed sister in head with scissors while pretending to be TV character https://t.co/1R8f6j0WkR via @MetroUK
— Abdul Wahid (@Abdul248Abdul) March 25, 2024
По интервенцијата, девојчето било задржано два дена на лекување, а потоа пуштено дома.
Сечилото навлегло во черепот 2,5 сантиметри, но не предизвикало дополнителни повреди.
Подоцна роднина на семејството изјави дека момчето во моментот на инцидентот се преправало дека е лик од ТВ серија и ножиците ги фрлил кон сестра си.