Хорор во Швајцарија: Маж ги нападнал соседите со мачета, се обидел да повреди трудница и ранил тримесечно бебе

policija-shvajcarija-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж вооружен со мачета нападнал неколку лица во зградата во која живее во Сент Гален, на североистокот на Швајцарија, при што повредил четири лица, меѓу кои и едно бебе, соопшти денеска полицијата.


Полицијата за нападот добила пријава во четвртокот по 21 часот и 30 минути.

Осомничениот, 34-годишен Швајцарец, познат на полицијата поради психички нарушувања, се обидел да нападне трудница која дошла да го посети нејзиниот татко во таа зграда и го повредил нејзиниот 66-годишен татко кој се соочил со напаѓачот, објави АП.

Соседите кои забележале што се случува се стрчале по напаѓачот кога излегувал од зградата, пред која повредил уште една 31-годишна станарка. Таа жена била со своето тримесечно дете, кое исто така било повредено од напаѓачот.

Жителите успеале да го задржат до доаѓањето на полицијата која го привела, но во меѓувреме повредил уште едно лице.

Полицијата соопшти дека осомничениот и самиот се повредил.

Никој од повредените не е во животна опасност.

Истражителите откриле запалива течност и гас во станот на осомничениот, по што зградата била евакуирана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK