Училишен автобус удри толпа ученици на влезот од средно училиште во градот Таиџан во источната кинеска провинција Шандонг, при што загинале најмалку 11 лица, соопштија денеска локалните власти во округот Донгпинг.
Несреќата се случила нешто по 7:00 часот кога автобус кој превезувал ученици удрил во поголема група собрана покрај патот, јавува агенцијата Ксинхуа.
Причината за оваа несреќа сè уште не е позната, но безбедноста во преоптоварените училишни автобуси долго време е проблем во Кина, оценува АП.