Холанѓаните бараат ЕУ да воведе визи за Грузијците: „Патот што го избраа има своја цена“

gruzija-protesti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандија ќе побара од Европската унија да го суспендира безвизниот режим со Грузија, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи, откако повеќе од 300 лица беа уапсени за време на про-ЕУ протестите во таа земја, пишува „Ројтерс“.


Демонстрантите во Грузија веќе една недела протестираат против одлуката на владата да ги прекине преговорите за влез во ЕУ.

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп изјави дека официјално ќе побара од ЕУ „јасно да и каже на грузиската влада дека патот што го избрале има своја цена“.

Велдкамп го изјави ова пред новинарите пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Малта. Тој исто така рече дека ќе побара од ОБСЕ да ги истражи дејствијата на грузиската влада.

Грузијците во моментов можат да патуваат во земјите на ЕУ за кратки посети без потреба од виза.

Грузиските медиуми го цитираа Министерството за внатрешни работи дека повеќе од 300 лица се уапсени од почетокот на протестите поради одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во ЕУ. Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе, кој ја предводи проруската партија Грузиски сон, ги обвини опозициските партии за поттикнување незадоволство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK