Холандски ловци Ф-35 пресретнале руски ловци и бомбардери во воздушниот простор на НАТО северно од руската енклава Калининград, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
„Вчера, во соработка со Финска и Шведска, пресретнавме руски авиони вооружени со суперсонични ракети над Балтичкото Море“, објави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс на својот акаунт X, пренесува порталот Nederland Time.
Фотографиите објавени од шведската војска еден ден претходно покажуваат дека два ловци СУ-27 придружуваат два руски бомбардери ТУ-22М, очигледно вооружени со проектили со долг дострел.