Холандија ќе и испорача на Украина 18 авиони Ф-16

Холандија-ќе-и-испорача-на-Украина-18-авиони-Ф-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската влада.



„Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина“, објави привремениот премиер Марк Руте на платформата Х.

„Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори за воена поддршка на Украина“, додаде тој. Испораката на борбените авиони сè уште чека извозна дозвола од холандското Министерство за надворешни работи и исполнување на критериумите за персонал и инфраструктура во Украина, додаде Руте, без да прецизира временска рамка за овие одлуки.

„Разговарав со Марк Руте за да се заблагодарам на холандската влада за одлуката да започне со подготовка на првите 18 авиони Ф-16 за испорака во Украина“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Х“.

Во ноември, Холандија ги испрати своите први F-16 од американско производство во нов центар за обука на украински пилоти и персонал во Романија. Данска, Норвешка и Белгија најавија дека ќе ги испорачаат своите Ф-16 на Украина, откако американската влада одобри да ги испрати да се бранат од Русија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK