Ходорковски повика да му се помогне на Пригожин против режимот на Путин

hodorkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот руски олигарх и сегашен противник на Кремљ, Михаил Ходорковски, повика да му се помогне на шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ ,Евгениј Пригожин. Чии борци објавија бунт против руската армија, пренесуваат француските медиуми.

„Дури и на ѓаволот треба да му се помогне доколку реши да оди против овој режим. Овој бандит (Пригожин) сака да го вознемири другиот бандит (Путин). Сега не е време да се мрштиме и цупкаме, сега е време да му помогнеме“, напиша Ходорковски на каналот  Телеграм, јасно ставајќи до знаење дека сега треба да му се помогне на лидерот на „Вагнер“.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK