Хирурзите во Лондон им ги вратија сетилата за мирис и вкус на пациентите со продолжен Ковид


677z381_677z381_LEKARIPOLEMIKA25082022.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хирурзите во Лондон успеаја да ги вратат сетилата за мирис и вкус на пациентите кои имаа долгорочни последици по заразувањето со вирусот Ковид-19, со пионерска техника наречена функционална септоринопластика.


Операцијата, која го „активира“ обновувањето на сетилото за мирис кај пациентите кои го изгубиле како последица на заболување од Ковид, ги проширува носните дишни патишта со цел да се поттикне нивното закрепнување, објави денеска „Гардијан“.

Според податоците на Светската здравствена организација, околу шест од секои 100 луѓе кои се заразиле со Ковид-19 имале долгорочни симптоми на болеста, а губењето на чувството за мирис и вкус се меѓу повеќе од 200 различни симптоми пријавени од луѓе со долгорочен Ковид-19.

Хирурзите од болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон користеа нов метод за излекување на десетина пациенти, од кои секој претрпе долгорочно губење на мирисот по инфекција со Ковид. Сите имале проблем повеќе од две години, а другите третмани, како кортикостероидите, не успеале, пренесува Танјуг.

Професорот Питер Ендрјуз кој го водел истражувањето вели дека операцијата го зголемила дишењето за околу 30 проценти па и протокот на воздухот се зголемил за толку, што довело до враќање на сетилото за мирис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK