Ханој прогласен за најзагаден град во светот

Screenshot-2025-01-03-111923.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Главниот град на Виетнам, Ханој денеска е прогласен за најзагаден град во светот, откако на метар кубен се измерени 266 микрограми опасни честички, познати како ПМ2,5.


Ханој во последните неколку недели е покриен со густ смог, што е резултат на големо количество возила, палење ѓубре и индустриски активности, пренесува Ројтерс.

Вицепремиерот Тран Хонг Ха во четвртокот повика на забрзана транзиција кон електрични возила (ЕВ) како дел од напорите за намалување на загадувањето, објавија државните медиуми.

Целта на виетнамската влада е најмалку 50 отсто од автобусите, како и сите такси возила, да бидат електрични до 2030 година.

Мештаните велат дека загадувањето влијае на нивното здравје и дека сметаат дека состојбата со загадувањето во последно време е влошена. Оваа југоисточна азиска земја, регионален индустриски центар со една од најбрзо растечките економии во Азија, со години известува за сериозно загадување на воздухот во поголемите градови, особено во Ханој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK