Хамас објави дека ослободил уште двајца заложници, пренесува Ројтерс. Веста доаѓа кога извештаите во Израел сугерираат дека е неминовен договор за да се обезбеди ослободување на уште околу 50 киднапирани со двојно државјанство.
Групата ги ослободи Американците Натали и Џудит Раанан во петокот.
„Одлучивме да ги ослободиме од хуманитарни и лоши здравствени причини… И покрај тоа, непријателот одби да ги прими минатиот петок“.
Се чекаат повеќе информации.