Хамас се закани дека ќе ги погуби заложниците и ќе емитува во живо на Интернет

Хамас-се-закани-дека-ќе-ги-погуби-заложниците-и-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хамас која во саботата изврши напад врз Израел убивајќи и киднапирајќи цивили и носејќи ги во Газа, се закани дека ќе ги погуби заложниците и ќе ја емитува егзекуцијата во живо на Интернет, пренесуваат медиумите во регионот.


Во аудио изјава објавена синоќа, портпаролот на бригадите Касам, кои се дел од военото крило на Хамас, зборуваше за интензивните израелски воздушни напади врз цивилните области на Газа.

„Објавуваме дека секој напад врз нашите луѓе кои се безбедни во своите домови а за кој не сме предупредени, за жал, ќе биде исполнет со егзекуција на цивилни заложници од нашите непријатели“, рече Обеида. Тој додаде дека егзекуциите ќе бидат емитувани „во аудио и видео формат на Интернет“.

„Нема преговори за судбината на заложниците додека не завршат борбите“

Обеида рече дека неговата порака е „предупредување“ откако Израел објави дека започнува „целосна опсада“ на Газа и изврши насилен воздушен напад врз Газа како одговор на саботниот напад врз цивилите во Израел од страна на Хамас.

Денеска Исмаил Ханије, шеф на политичкото крило на Хамас, изјави дека Хамас нема да преговара со Израел за заложниците додека не заврши конфликтот.

„Ги информиравме сите инволвирани страни кои контактираа со нас во врска со непријателските затвореници дека за нивната судбина нема да се разговара до крајот на битката, во тој момент за нивното ослободување ќе се разговара само по плаќање на цената прифатлива за отпорот“, рече Ханије.

Хамас, според извештаите, за време на нападот на југот на Израел во саботата киднапираше меѓу 100 и 150 цивили, меѓу кои и голем број жени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK