Откако израелската армија објави дека продолжуваат борбите со Хамас на осум локации на територијата на оваа земја, се огласија и претставниците на оваа палестинска милитантна група кои изјавија дека нема да се откажат од одбраната на своите позиции.
Според портпаролот на Хамас, членовите на оваа организација се’ уште имаат контрола врз бројни точки на југот на Израел.
„Организацијата успеа да ги надополни своите сили во израелските територии и да им пружи помош на своите војници кои се борат на теренот. Нашите борци се уште се во Израел“, рече портпаролот.
Тој исто така кажа дека припадниците на Хамас успеале да се инфилтрираат на територијата на Израел во текот на ноќта и рано утрово и дека силите кои се борат во оваа област ги снабдувале со дополнителни резерви на муниција и оружје.
Израелската армија објави и информации за тоа каде се водат борбите со припадниците на Хамас, а она што може да се забележи е фактот дека конфликтите се активни и на неколку десетици километри длабоко во територијата на Израел.