Хамас: Нема преговори со Израел

Хамас-Нема-преговори-со-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментов не се можни преговори со Израел додека траат непријателствата, изјави за AFP палестински претставник на Хамас со седиште во Доха.


Претходно  Ројтерс објави, повикувајќи се на свои извори, дека катарските посредници преговараат со претставници на Хамас за ослободување на киднапираните израелски жени и деца кои ги држеше Хамас во Газа, во замена за 36 палестински жени и деца кои се наоѓаат во израелските затвори.

„Воената операција продолжува и отпорот под водство на бригадите Ал Касам (вооруженото крило на Хамас) продолжува да ги брани правата на нашиот народ, затоа сега не се можни преговори за размена на заробеници или нешто друго со Израел “, рече Хосам Бадран, член на политичката канцеларија на Хамас во Доха, главниот град на Катар.

„Нашата мисија отсега е да направиме се за да го спречиме окупаторот да го коле нашиот народ во Газа, кој е директно насочен кон цивилни згради“, рече тој.

Израелската војска нареди целосна блокада на Појасот Газа, областа со која управува палестинското исламистичко движење Хамас, трет ден откако Хамас започна ненајавена и невидена офанзива против Израел. Се зголемува бројот на жртви од двете страни и според последните податоци вкупно загинале над 1.200 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK