Хамас соопшти дека Израел утрово извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници. Нападите наводно ја вклучуваат најголемата болница во Газа, Ал Шифа, а Израел тврди дека Хамас таму криел командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.
Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) исто така изјави дека болницата Ал Шифа била бомбардирана. „Немам детали за Ал Шифа, но знаеме дека е бомбардирана“, рече Маргарет Харис.
Според медиумите, во нападите на болницата загинало најмалку едно лице. Ројтерс цитираше палестински официјални лица дека едно лице е убиено.
Владата на Хамас во Газа тврди дека 13 биле убиени.