Хамас го ракетираше Тел Авив, погодена е станбена зграда

Хамас-го-ракетираше-Тел-Авив-погодена-е-станбена-зграда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјален претставник на Тел Авив изјави дека четири лица се повредени откако ракета погодила четирикатна станбена зграда во градот. Дани Гева изјави дека две лица се здобиле со повреди со средна тежина, а двајца полесно, пишува Би-би-си.


„Немаме толку многу жртви бидејќи луѓето ги следеа упатствата. Кога се огласија сирените го напуштија станот и отидоа во засолништата. На овој начин беа спасени животи“, рече тој.

Одговорноста за нападот ја презеде бригадата Ал Касама на Хамас.

„Бригадите Ал Касам повторно го гранатираше Тел Авив како одговор на ционистичките масакри врз цивили“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK