Хамас го отфрли најновиот план за примирје: „Тоа е американски диктат“

gaza2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинското движење Хамас го отфрли новиот нацрт-договор за прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека е постигнат под американски диктат.


По повеќе од десет месеци војна, во четвртокот и петокот во Доха беа одржани разговори за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и посредниците – САД, Катар и Египет, на крајот на кој беше претставен ревидиран предлог договор, предложен од САД, главниот сојузник на Израел.

Покрената како одговор на нападот на палестинскиот Хамас врз Израел на 7 октомври, израелската офанзива во Газа не попушти или запре за време на повеќето рунди преговори во Доха, во кои Хамас одби директно да учествува.

За Соединетите Држави, прекинот на огнот во Газа ќе помогне да се избегне регионална воена ескалација по заканите од Иран и неговите сојузници дека ќе се одмаздат за атентатот на 31 јули, припишан на Израел, на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран и убиството на воениот лидер на либанскиот Хезболах – убиен неколку часа претходно во израелски напад во близина на Бејрут.

Исламистичкото движење Хамас одбива понатамошни преговори и сака да го спроведе планот што на 31 мај го објави американскиот претседател Џо Бајден.

Овој план предвидува во првата фаза шестнеделно примирје пропратено со израелско повлекување од густо населените области на Газа и ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври, а во втората фаза целосно повлекување на Израел од Газа.

Хамас го отфрли последниот ревидиран предлог, осудувајќи го како „американски диктат“ и зборувајќи за „илузија на примирје“.

„Да се ​​каже дека се приближуваме до договор за прекин на огнот е илузија“, рече висок претставник на Хамас во саботата, откако американскиот претседател Џо Бајден најави дека договорот никогаш не бил толку блиску до постигнување примирје и ослободување на заложниците.

„Не се соочуваме со договор или вистински преговори, туку со наметнување американски диктат“, рече членот на политичката канцеларија на Хамас, Сами Абу Зохри во изјава за АФП, коментирајќи го предлогот како голем чекор наназад.

Хамас го обвинува Израел дека додал нови услови во текстот.

Преговорите за прекин на огнот треба да продолжат следната недела во Каиро.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен лета за Израел, откако висок американски функционер предупреди дека Иран ќе се соочи со катаклизмични последици доколку го нападне Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK